Дома       За нас       Годишни програми       Годишни извештаи       Архива   
Friends link: ugg ugg


English version 

  Контакт информации

Адреса:
Државен завод за ревизија
Ул. „Македонија“, бр. 12/3
Палата Македонија
1000 Скопје 
Република Македонија
 

Телефон:
(02) 32-11-262
Факс: 
(02) 31 26 311

Е-маил: dzr@dzr.gov.mk

  Посочете, предложете, сугерирајте...
Незаконско и ненаменско трошење
Предложете му на ДЗР
Ваши сугестии

  Анкета
Како го оценувате ажурирањето на сајтот на ДЗР?




Гласај  Резултати
 
Јавен оглас
Оглас за полагање на испитот за стекнување на звање Овластен државен ревизор

Врз основа на член 26 од Законот за државна ревизија („Службен весник на Република Македонија„ бр.65/97, 70/2001, 31/2003, 19/2004, 70/2006 и 133/2007) и член 6 од Правилникот за начинот на полагање на испитот, формата и содржината на уверението и висината на трошоците за полагањето на испитот за стекнување на звањето овластен државен ревизор („Службен весник на Република Македонија„ бр.65/97 и 113/2009), Комисијата за полагање на испит за стекнување на звањето овластен државен ревизор објавува

                                                  О Г Л А С

       ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТОТ ЗА 
                       СТЕКНУВАЊЕ НА ЗВАЊЕ ОВЛАСТЕН ДРЖАВЕН РЕВИЗОР

1. Услови за полагање на испит
Секој заинтересиран кандидат за полагање на испитот за стекнување на звањето овластен државен ревизор, согласно членовите 25 и 25-а од Законот за државна ревизија, треба да ги исполнува следните услови:

• да е државјанин на Република Македонија;
• да има високо образование - дипломиран економист или дипломиран правник;
• да има најмалку пет години работно искуство на сметководствени или финансиски работи, односно три години работно искуство на работи на ревизија или контрола.

На лицето кое ќе го положи испитот, главниот државен ревизор му издава уверение на овластен државен ревизор.

Кандидатите кои не ги исполнуваат условите за полагање на испитот за стекнување на звање овластен државен ревизор, писмено ќе бидат известени.

2. Содржина на барањето за полагање на испитот и потребни документи:
Кандидатот треба да ги достави следните документи:

• писмена пријава (со задолжително наведени: име и презиме на кандидатот, датум и место на раѓање, адреса на живеење, адреса за контакт, телефонски број и/или е-пошта за контакт);

• уверение за државјанство (оригинал или копија заверена на нотар);

• диплома за завршен економски или правен факултет во Република Македонија или нострифицирана диплома за завршен економски или правен факултет во странство (оригинал или копија заверена на нотар);

• потврда за работно искуство со податок за должина на стажот:

o документ издаден од Агенцијата за вработување на Република Македонија со податоци од нивната евиденција за сите работни места на кои кандидатот стекнал работно искуство или/и фотокопија од работна книшка, и

o фотокопија од решенијата за распоредување на работно место, односно фотокопија од договорите за вработување, и

• доказ за платени трошоци за полагање на испитот.

3. Трошоци за полагање на испитот за стекнување на звање овластен државен ревизор
Секој кандидат треба да достави налог за јавни приходи – образец ПП 50 како доказ за платени трошоци за полагање на испитот за стекнување на звање овластен државен ревизор во износ од 3.000,00 денари.

Износот на трошоците за полагање на испит за стекнување на звање овластен државен ревизор кандидатите се должни да го уплатат пред поднесување на пријавата за полагање на испитот, на сметка на Државен завод за ревизија, на налог за јавни приходи - образец ПП 50, со внесување на следните податоци:

• Цел на дознака: Надоместок за полагање на испит за ОДР;
• Назив на примачот: Буџет на РМ, Државен завод за ревизија;
• Банка на примачот: НБРМ;
• Сметка: 100000000063095;
• Сметка на буџетски корисник - единка корисник: 0200215040 631 19;
• Приходна шифра 723013 и програма број 20.

4. Рок и начин на пријавување
Рокот за пријавување изнесува 10 (десет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневен весник.

Огласот исто така се објавува на огласната табла и на веб-страната на Државниот завод за ревизија.

Барањето за полагање на испит, како и потребните документи, заинтересираните кандидати ги доставуваат:

• лично до лицето овластено за прием во Државниот завод за ревизија, во работни денови, од 09:00 до 16:00 часот, или
• преку пошта, на адреса на Државниот завод за ревизија, Комисија за полагање на испит за стекнување на звање овластен државен ревизор, ул.„Маршал Тито„ бр.12/3, Палата Македонија, 1000 Скопје.

Се напоменува дека неблаговремените и нецелосните пријави нема да бидат земени за разгледување.

5. Време и место на одржување на испитот
Испитот за стекнување на звање овластен државен ревизор ќе се одржи на 06.03.2010 година (сабота), со почеток во 09:00 часот, во просториите на Државниот завод за ревизија.

                                                                                  * * *
Програмата за полагање на испитот, согласно која кандидатите можат да се подготвуваат за полагање на испитот, заедно со огласот за пријавување на кандидати за полагање на испитот за стекнување на звање овластен државен ревизор е објавена на веб страната на Државниот завод за ревизија со адреса www.dzr.gov.mk 

                                                                                 * * *
Лице за контакт во Државниот завод за ревизија, од кои кандидатите можат да добијат дополнителни информации е Татјана Васиќ Бозаџиева.

Комисија за полагање на испит за стекнување
на звање Овластен државен ревизор

Назад 

Креиран од Edinica za javno informiranje на 25.01.2010
 
 
 
 
   
 
   
 
   
 
   
 
   
 
 
 
   
 
   
 
   
 
   
 

     
   

©2004, Државен завод за ревизија. Сите права се задржани