Дома       За нас       Годишни програми       Годишни извештаи       Архива   
Friends link: ugg ugg


English version 

  Контакт информации

Адреса:
Државен завод за ревизија
Ул. „Македонија“, бр. 12/3
Палата Македонија
1000 Скопје 
Република Македонија
 

Телефон:
(02) 32-11-262
Факс: 
(02) 31 26 311

Е-маил: dzr@dzr.gov.mk

   
За нас

Државен завод за ревизија

Статус

Првите институции за ревизија во Република Македонија се формирани веднаш по 1945 година и имаат претрпено повеќе реформи до формирањето на Државниот завод за ревизија како Врховна ревизорска институција.

Државниот завод за ревизија (ДЗР) е основан од Собранието на Република Македонија со Закон за државна ревизија донесен во 1997 година и дополнувањата во 2001 година. Според Законот за државна ревизија, Државниот завод за ревизија е независна ревизорска институција.

Практичното фунционирање на ДЗР отпочна во почетокот на 1999 година, со 9 вработени, преземени од Дирекцијата за економско финансиска ревизија во рамките на институцијата Завод за платен промет.

Со ДЗР раководи Главен државен ревизор. Главниот државен ревизор има заменик. Главниот државен ревизор и заменикот ги избира Собранието на Република Македонија со мандат од 10 години.

Државниот завод за ревизија (ДЗР), , е независна институција за ревизија на користењето на буџетските и други јавни средства во Република Македонија. ДЗР е формиран со цел да ги штити интересите на државата односно граѓаните како даночни обврзници за наменско и ефикасно трошење на јавните средства за обезбедување на функциите на државата. Законска задача на ДЗР е да врши ревизија на користењето на јавните средства и да обезбеди информации за државните институции и јавноста за правилната употреба на средствата.

Работиме да го зајакнаме авторитетот на ДЗР како институција која е формирана со цел да го следи извршувањето на политиките на институциите и нивните раководства и соодветно да реагира на тоа. Градиме односи на соработка со субјектите на ревизија за постигнување на заедничката цел. Успехот на државата и јавноста не е можен без успешен систем на јавна администрација и здраво и правилно раководење со јавните ресурси, кои народот им ги доверил на оние кои ја практикуваат власта.

За да се постигнат целите, на ДЗР му се потребни подобрувања во неговото работење, пред с#, повисоко ниво на стандардизација на нашите постапки за вршење на ревизија и известување за да може резултатите од ревизијата да бидат лесно споредливи, со европската и меѓународна пракса.

ДЗР работи според соодветна методологија за ревизија на субјектите од различни области, вклучително вршење ревизија и на буџетот. Работиме на согледување на најновите достигнувања во постапките и технологијата на вршење ревизија.Во меѓународната соработка со другите Врховни ревизорски институци стекнуваме нови искуства и знаења што ни помагаатво извршувањето на поставените задачи на повисоко ниво.

 

 

| Најава
     
   

©2004, Државен завод за ревизија. Сите права се задржани